Љубители на трчањето чија цел е рекреативно да трчаат и да го прифатат здравиот начин како дел од св...
Read more »
Љубители на трчањето чија цел е рекреативно да трчаат и да го прифатат здравиот начин како дел од својот живот. Долгорочната цел ќе биде секоја година во школата да се вклучуваат нови заинтересирани кандидати и со тоа да се зголеми бројот на луѓе кои што ќе учествуваат на трките во Македонија и надвор од нашата држава и ќе трчаат рекреативно или професионално. Освен водењето на почетници во трчањето, целта на ова школо ќе биде и формирање и водење на напредни групи кои ќе осигураат добри резултати и долгорочно бавење со рекреативното трчање.
Инструктор и промотор на Школата за трчање е Кокан Ајановски, маратонец, државен првак на Македонија во повеќе дисциплини (полумаратон, 10.000 м , 5.000 м., планинско и крос кантри трчање) и репрезентативец на Македонија.
|